Со цел исполнување на обврските на Операторот на дистрибутивниот систем за спречување на злоупотреби и манипулации на пазарот на електрична енергија, Електродистрибуција достави информација до засегнатите државни институции за тоа кои бизнис корисници не ги исполнуваат условите да се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на регулиран пазар.

Ова е согласно Одлуката на Владата на РСМ за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Информацијата беше доставена до Владата, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Освен институциите, Електродистрибуција активно и поединечно ги известува гореспоменатите корисници дека нема повеќе да се снабдуваат од ЕВН Хоме, Универзалниот снабдувач за домаќинства и мали бизнис потрошувачи и дека е потребно да склучат договори за снабдување со електрична енергија со снабдувачите на отворениот пазар, информираат од ЕВН.

OhridNews