Катастарските одделенија ќе бидат електронски уредени до крајот на 2009 година, соопшти директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Љупчо Георгиевски, кој во рамките на Македонските денови на катастарот денеска го посети кастастарското одделение во Охрид. „Ова  е задолжение од Светска банка и неговата имплементација е нашата највисока цел“ рече директорот Георгиевски.

„Во рамките на овие денови вршиме практичен увид во нерешените предмети на граѓаните. Од вкупно 2000 предмети месечно, во Охрид остануваат нерешени околу 90, што не е алармантно, зашто на пример во Битола заостануваат околу 500  нерешени катастарски предмети“ изјави Георгиевски.

Одделението за катастар и недвижности во Охрид денеска и утре работи од 9 до 19 часот. Работното време е продолжено со цел граѓаните да остварат непосредна средба со вработените од државниот катастар  и   да добијат насоки  за    решавање на предметите  од карастарската  проблематика.

Директорот на Агенцијата за катастар оценува дека со години наназад, не е подобрена кадровската екипираност во катастрите. Во Охрид има геодетски стручни лица и информатичар, кој е од особена важност.

„Состојбите во катастарот во последниве години се подобруваат“, рече охридскиот градоначалник, Александар Петрески.

„Средувањето на катастарот е важен фактор за развојот на општината,особено во инвестиционите зафати.„Во изминатите 30 до 40 години, на проблемите во катастарот не се посветувало доволно внимание.Состојбите во оваа насока последниве неколку години се подобруваат .Јас сум задоволен од работата на катастарот, но предметите кои се натрупувале  зиминатите години,не можат веднаш да се решат, бидејќи треба да помине извесен период.Од динамиката на инвестициите присутни во градот, значи дека се подобрува и активноста на катастарот“,оцени градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

А.Ристоска