Воведувањето на електронските рецепти во здравството се одложуваат за еден месец, поради проблемите и воочените недостатоци во системот, што вчера предизвика бројни проблеми како на пациентите, така и на лекарите и аптекарите.
Неуспешниот обид за воведување на системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“, од министертвото за здравство го толкуваат како своевиден тест. Оттаму информираат дека од денеска рецепти ќе се издаваат како и до сега на хартија, а електронскиот систем во функција ќе биде ставен на 1-ви август.