Агенција „Марили“, годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на настанот кој ќе се одржи во сабота. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.
OhridNews












