Репрезентацијата на Германија забележа импресивна победа над Аргентина од 4:0 во третиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во фудбал што се игра во Јужна Африка.


Панцирите серијата голови ја отворија уште во 3-та минута преку Милер, а победата ја потврдија Фридрих и двојниот стрелец Клосе кој се израмни на вечната листа на стрелци на светските првенства со легендарниот Герд Милер(14 голови на СП 1974г.).


Селекторот на Германија, Јоаким Лев, комплетно го надигра инфериорниот Марадона, кој во првиот натпревар против комплетно квалитетна екипа на тактички план покажа тотална немоќ. Диего и покрај слабата игра на своите избраници не се обиде да промени ништо во составот за кој од само нему познати причини шанса да заигра заедно не доби уиграната златна четворка на Интер: Занети, Камбиасо, Самуел и Милито. На спротивната страна ментално силната Германија ги отстрани сомнежите и кај најголемите критичирари, потврдувајќи го на најдобар начин успехот кој со исто толку голови го најави против очајната Англија во осминафиналето.


Во полуфиналето Германија ќе се сретне со подобриот од дуелот Шпанија – Парагвај, што се игра вечерва.

Г.М.