Ликовната уметница Ели Аиноска-Христовска од Охрид е годинешен добитник на наградата за скулптура „Димо Тодороски“, што ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Аиноска магистрирала на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје. Има остварено 7 самостојни изложби , а учествувала на повеќе групни изложби во земјата и странство. Таа е дел од Центарот за Културен Проток ,,АРТерија” од Охрид.

Оваа година Аиноска била номинирана и за  наградата “ДЕНЕС “2011  која се доделува за  најдобар млад визуелен уметник.

Освен наградата за скулптура, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги доделува и награди за сликарство „Димитар Пандилов“ и за графика „Драгутин Аврамовски –Гуте“.

Инаку вечерва во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбениот салон – Империјал,  биде ќе се отвори традиционалната изложба ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО МАЛ ФОРМАТ. Оваа изложба ја организира  КИЦ – Скопје во соработка со ДЛУМ. На изложбата годинава ќе бидат изложени 105 дела во повеќе ликовни дисциплини. Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари 2012 год.

OhridNews