Еден од најталентираните фудбалери во Македонија, Елиф Елмаз, денеска имаше официјална промоција во Фенербахче, откако клубот доби зелено светло од ФИФА да го регистрира македонскиот репрезентативец.
Елмаз кој пред неколку дена наполни 18 години со славниот турски клуб потпиша пет годишен договр. Фенербахче во Елмаз гледа добар и квалитетен фудбалер во иднина кој ќе треба да ја предводи екипата.
– Среќен сум што ќе бидам дел од клуб каков што е Фенербахче. Не се двоумев воопшто кога официјално пристигна понуда од Фенербахче и веднаш ја прифатив. Сакам да го поздравам Перо Антиќ кој ми даде корисни и правилни совети и јавно му се заблагодарувам за помошта. Семејството и другарите од детството навиваат токму за овој клуб и среќен сум што ќе можат да навиваат и за мене. Паузата поради адмистративните проблеми нема да пречи, туку тоа ќе биде мотив повеќе за мене да тренирам и 100% подготвен да го облечам дресот на мојот нов клуб. – изјави на презентацијата Елмаз.
Во Фенербахче младиот фудбалер се пресели од Работнички, а презентиран беше заедно со холандскиот репрезентативец Винсент Јансен и бразилскиот интернационалец Луис Нето.
OhridNews