Екипата на Наполи запиша нови три бодови на табелата во Серија А победувајќи ја Бреша со пресврт 2-1 во првиот натпревар од 25-та рунда во италијанскиот шампионат.

„Азурите“ до целиот плен на гостински терен дојдоа со погодоците на Инсиње и Де Руиз на стартот од второто полувреме. Претхдно, домаќините поведоа со погодокот на Чанкелор.

Натпреварот од првата минуга го започна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој на теренот помина 76 минута и на негово место во игра тренерот Џенаро Гатузо го уфрли Зелински.

Со триумфот во Бреша, Наполи се искачи на шестата позицја и полека се враќа во игра за ТОП 4 во Серија А.

OhridNews