Почетокот на пролетта во охридското село Елшани ќе биде означен со чистење на селото од отпадоци. Акцијата ќе се спроведе в сабота, 21 март, како дел од планираните еколошки активности во Елшани за оваа година.

Годинешното пролетно чистење е продолжение акциите кои се спроведуваа во текот на изминатите години под мототото „Да го направиме Елшани најчистото село во Македонија“.

Еколошката акција ја организираат Здружението на граѓани за туристичко, културно и еколошко одржлив развој на руралните подрачја „Евла 2009“ со седиште во Елшани и Институтот за традиционални вредности од Охрид.

Ohridnews