Додека сите православни Христијани во Охрид и низ Македонија ги палат  коледарските огнови на 5-ти јануари спроти  Бадник, ден подоцна, околу 800 жители на селото Елшани не ја оставаат вековната традиција  – коледарскикот  оган  да го  запалат  вечерта пред  Божик.

При тоа, рано наутро на Божик,  коледарите со своите коледарски песни ги посетуваат сите елшански домови и  семејства.

– За ваквите обичаи, повеќето елшанци  поаѓаат од своите верувања дека:”Исус се родил на Божик, а не на Бадник , значи на 7 јануари и сосема оправдано е ншто нашите коледарчиња се  радуваат и пеат радосни песни  во првите часови од божикното утро.
Уште пред да се обдени  традиционално  во 5 часот наутро се удираат црковните камбани и се собираат околу коледарскиот оган и ја пеат коледарската песна.  По половина час, над 60 момчиња и девојчиња, тргнуваат на Коледа, објаснуваат елшанци.

Вечерта пред Божик жителите одат на сред село  кај Изворите, за да се стоплат крај огнот , да наздрават со топла ракија и да му се радуваат на раѓањето на  Денот   што доаѓа.  Утрото пак,со шише црвено вино и со бела погача   на Божикна Богослужба  во црквата Свети Илија.  Преку денот , традиционално се собираат на заеднички семеен ручек на  божикна трпеза со најблиските, при што се разменуваат  поздравувањата и вечните пораки:Христос се роди –Навистина се роди.Се посакуваат желби за лична  и семејна среќа,љубов,радост,успех и многу здравје  и бериќет.

OhridNews
фото: Дим Дон