Жителите на охридското село Елшани на посебен и традиционален начин го чествуваа празникот Педесетница или Духовден.По утринската богослужба посветена на Празникот, елшанци се подготвија за попладневниот традиционален црковен обред “КРЕВАЊЕ КРСТИ”, при што верниците предводени од парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски и членови на црковниот одбор, традиционално ги изнесоа крстите и иконите надвор од црквата Свети Пророк Илија.
Свечената поворка во која учествуваа неколку стотици верници, направи обиколка низ селските улици и селските извори Клајнец и Вршек . Секој од учесниците носеше икона или крст како и гранчиња зелени орешки за “миење” на иконите. За цело време додека траеше процесијата, поворката верници едногласно ја пееше песната”Крсти кревам, Бога молам, да дајт Господ ситна роса…”.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com