Хулиганот кој го нападна голманот на мечот Ајакс –  АЗ Алкмар, заработи казна од шест месеци в затвор. Обвинителите бараа десет месеци, но изречена му беше шест месечна казна в затвор и две години забрана за посетување на натпревари во “Ередивајс“ Лигата и репрезентацијата на Холандија.


Натпреварот кој беше прекинат, ќе се преигра на 19 јануар а црвениот картон на голманот од АЗ Алкмар, Естебан Алвадара е поништен.

Мх.П.