Белгскиот репрезентативец Вермален е херој на “топчиите“ на мечот со Њукасл, во кој Арсенал славеше со 2-1. Дефанзивецот во последните секунди од натпреварот го постигна погодокот вреден три бода за четата на Венгер.


Последниот дуел од 28-та рунда почна среќно за гостите, Хатем Бен Арфа во 14-та минута го отвори резултатот. На погодокот веднаш возврати Ван Перси, смена на резултатот немаше се додека Вермален не го совлада Крул, во последните мигови од мечот.

Со овој триумф избраниците на Арсен Венгер се “залепија“ до Тотенхем кој е третопласиран со 53 бодови, а “топчиите“ со 52 бодови се на четвртата позиција која води во квалификациите од Лигата на Шампиони. 

Мх.П.