Емирот на Државата катар, Шеикот Хамад бин Калифа ал Танин, кој е во дводневна посета на Македонија, при денешната средба со претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски, изрази задоволство што за време на неговата посета се потпишани неколку билатерални договори од повеќе области.


Емирот потенцираше дека многу брзо треба да се очекуваат инвестиции и да се види дали темпото на соработка и инвестиции соодветствува на тоа што овие два дена се договара како идна економска соработка.

Завршувајќи ја својата посета на Македонија, Шеикот Хамад бин Калифа ал Танин искажа задоволство од посетата, нагласувајќи дека Македонија е земја која има богата историја, култура и фолклор.