Во непосредна близина на објектот кој се гради на местото на поранешниот хотел „Парк’ во Горица,  на просторот каде што се наоѓаат ресторанот и популарната охридаска дискотека „Park 4 Season“  наскоро ќе отпочне изградба на нова висококатница, со намена за туризам и угостителство.

Според информациите кои градските власти ги добиле од сопствениците на атрактивната локација,  интерес  за изградба на луксузен хотел во Горица  пројавиле повеќе странски инвеститори, меѓу кои и Емирот од Катар, кој во понеделник ќе допатува во официјална посета на Македонија.

Според најавите при посетата на Емирот од Катар ќе бидат потпишани десетина меморандуми за економска соработка, а ќе се разговара и за можностите за директни катарски инвестиции во македонскиот туризам.

OhridNews