По пет неуспешни тендери да ги продаде загубарите, Владата планира нов модел на продажба. Според скопската телевиџзија „Алфа“ загубарите, меѓу кои и охридски ЕМО, ќе се продаваат по пат на директни преговори со заинтересираните инвеститори.

Владата со инвеститорите ќе ги договара условите и моделот на продажба, а заеднички ќе се одлучува и за судбината на вработените. До сега Владата инсистираше потенцијалниот купувач на ЕМО да ги задржи сите вработени, што се смета за една од главните пречки за продажба поради големата превработеност, што ги одвраќа инвеститорите.

OhridNews