За нов Извршен член на Одборот на Директори и Генерален Директор на ЕМО Охрид е избран Зоран Трајчевски.
Зоран Трајчевски, за нов генерален директор на “ЕМО”- Охрид беше предложен од страна на Владата, која како претставник на државата е најголем акционер во компанијата каде поседува 41,6 отсто од акциите со право на глас. Предлогот за избор на Трајчевски беше поддржан и од државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија кој во „ЕМО“ поседува 22 отсто од акциите со право на глас.