Од ЕМО Охрид информираат дека согласно Договорот за изградба на новиот 400 kW Далновод “ ТС Штип – Српска граница  и  договорот за изградба на новиот 110 kW Далновод ТС Скопје 1 – ТС Југохром – ТС Тетово, потпишани на 7- ми февруари,  АД ЕМО Охрид  е номиниран за подизведувач  за изградба на двата далековода.

–  На овој начин се обезбедува работа за ЕМО Охрид  за следните 17 месеци што воедно значи и враќање на ЕМО во секторот за пренос на електрична енергија,  како значаен субјект кој претставува синоним за долгогодишно искуство и квалитет во работењето, велат од охридската компанија.

Пред две недели, по втор пат, беа одложени рочиштата на кои требаше да се расправа за отпочнување на претстечајна постапка за 46-те ДООЕЛ- и на ЕМО- Охрид. Како причина за одлагањето беше наведена забраната за прогласување стечај на државни компании за време на избори.

OhridNews