Охридскиот загубар, компанијата за електроенергетска опрема и постројки АД „ЕМО“ во третиот квартал од годинава објави загуба од 65 милиони денари (еден милион евра), пренесува „Макфакс“.
Споредено со истиот период лани, компанијата ја намалила загубата од работењето за трипати.
Според консолидираниот биланс на успех АД „ЕМО“, компанија во која државата е доминантен акционер, остварила приходи од продажба во износ од 230 милиони денари за третиот квартал, а тоа е речиси 120 милиони денари помалку од истиот период лани.
Расходите од работењето на компанијата се речиси преполовени во споредба со третиот квартал лани, но сепак за периодот јули-септември годинава, трошоците се поголеми од приходите за речиси 65 милиони денари.
Од почетокот на годината до крајот на септември вкупната загуба од работење на „ЕМО“ изнесува речиси 190 милиони денари и е за 73 милиони денари помала од загубата за првите девет месеци лани.
извор: „Макфакс“