и динамичка струја од 50 кА на главните и на ножевите за заземјување како и диелектрични испитувања со поднослив едноминутен и ударен напон.
Типските испитувања на среднонапонските блокови се изведуваа во склад со важечките меѓународни стандарди ИЕЦ.
Како што информираат од ЕМО- Охрид, испитувањата биле успешни и поминале во целост, со што се потврдило дека Емовите апарати од типот ТКЛ се на врвот на листата по својот квалитет меѓу апаратите со иста функција од повеќе производители во Југоисточна Европа. Поради високиот квалитет тие се и ден денес најпосакуваните апарати, особено на српскиот пазар.
Во дел од електродистрибутивниот систем во Србија, во изминатиот период, а особено во периодот кога функционираше поранешната држава Југославија, според некои истражувања на пазарот во соседството, од вкупната опрема инсталирана е околу 60% до 70% Емова опрема која и до ден денес функционира без поголеми проблеми, велат од ЕМО- Охрид.