
Со законските измени финансиските извештаи на домашните компании кои котираат на берзата деновиве почнаа да стануваат достапни за јавноста. Банките и минатата година оствариле највисок профит, а добро сработиле и градежните компании. “Гранит“ остварил профит од 5,5 милиони евра, а меѓу најуспешните во 2007 година е и “Фершпед“ кој остварил профит од 3 милиони евра, исто колку и „Реплек“.
На врвот на листата на компании кои прикажале загуба е ЕМО-Охрид со загуба тешка 2,1 милион евра.
ohridnews












