Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка и најкорисниот кошаркар на Евробаскетот, Горан Драгиќ имаа емотивна средба во една контактна емисија во Словенија.
По завршувањето на ЕП на кое кошаркарите на Словенија триумфираа мајката на прославениот хрватски кошаркар му испрати дрес од Дражен Петровиќ како специјален поздрав за Драгиќ, кој на грбот го носеше бројот три.
Словенците отидоа чекор подалеку, односно организираа „тајна“ средба да ги запознаат Бисерка и најдобриот кошаркар на ЕП, Драгиќ.
Средбата помина емотивно и солзи во очите, а Драгиќ во знак на почит на Бисерка и го поклона дресот кој го носеше на еден од мечевите на Евробаскетот.
Бисерка возбудено изјави дека дресот од Драгиќ ќе го сврсти помеѓу дресовите на Мајкл Џордан и Стеф Кари кои исто така имаат дресови во музејот посветен на Петровиќ.
Хрватскиот кошаркар трагично во 28-та година од животот загина во сообраќајка несреќа и вечно во црно ја зави кошарката во Хрватска и на Балканот.
OhridNews