Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз, пренесува Миа.

Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.
Можеме да направиме се – од успорување на возовите до нивно симнување од шините, рече еден извор за медиумот.
OhridNews











