Британскиот тенисер Енди Мареј, кој е позитивен на коронавирус, соопшти дека нема да настапи на претстојниот Австралија Опен, откако не успеал да постигне договор со организаторите околу карантинот за време на кој би му било дозволено да тренира.

Was8955395

 

Петкратниот финалист на Австралија Опен требаше да отпатува за Мелбурн минатата недела, но тоа не му беше дозволено, откако тестирањето покажа дека е заразен со коронавирус.

Британецот сега е во изолација, а во Австралија би можел да допатува дури по негативен тест на Ковид-19, по што би морал во задолжителен двонеделен карантин пред турнирот што започнува на 8 февруари.

Бевме во постојан контакт со Австралискиот тениски сојуз со цел да изнајдеме решение што ќе ми овозможеше некој вид на работен карантин, но не успеавме. Им благодарам на сите за вложениот труд. Разочаран сум поради тоа што нема да играм на Австралија Опен. Тие се земјата и турнирот кои ги сакам. – изјави Мареј.

Претходно, учеството поради повреда го откажа Рожер Федерер.

OhridNews