Центар за култура „Григор Прличев“

Од 03.03.2023 - 20:00 до 03.03.2023 - 22:00

Претставата „Енергични луѓе“ работена по дело на Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, за која владе голем интерес кај публиката, повторно е на репертоарот на Народен театар Охрид, во петок на 3 март со почеток во 20.00 часот.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид или да се резервираат на телефоните 046/261-063, 075/283-066.

OhridNews