Центар за култура „Григор Прличев“

Од 20.05.2022 - 20:00 до 20.05.2022 - 22:00

Претставата „Енергични луѓе” повторно пред охридската публика во петок на 20 мај во НУЦК „Григор Прличев” со почеток во 20 часот, во мала сала.

Текстот што „Енергични луѓе“ го носи како една иронија и цинизам, начин на гледање на реалноста, малку изместено од руските 70-ти години најде извонредно плодна почва за актерски, режисерски, театарски дијалог кој создаде исклучителна комуникација со охридската публика која уживаше во премиерата која беше наградена со неколкуминутни стоечки овации.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Истата е по текст на рускиот автор Василиј Шукшин, а во режија Александар Ивановски и во изведба на извонредната охридска актерска екипа Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, а резервации може да се направат и на телефонските броеви 046/261-063, 075/283-066.

OhridNews