Изминатиот викенд во Скопје во салата “Борис Трајковски” се одржа меѓународниот боксерски турнир за кадети и јуниори “Арена куп” каде учество зеде и охридскиот боксер од клубот “Алексо Огненовски”, Енис Алиу.

Тој во финалната пресметка, со убедливи 3:0 го совлада косовскиот претставник Планет Бериша и се закити со златен медал во категоријата до 63.5 килограми, јуниори.

Покрај најдобрите боксери од Македонија, на турнирот учество зедоа и боксери од Косово, Албанија, Бугарија, Шведска и Узбекистан.

OhridNews