Еден од најдобрите фудбалери во У21 репрезентација која настапи на Европското првенство во Полска, Енис Барди кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот состав Леванте.
Фудбалерот и тимот од Валенсија договорија тригодишна соработка, со можност за дополнителни две годони.
Барди имаше понуди Видеотон, Штутгарт и Динамо Загреб, но се одлучи за Леванте и следната сезона ќе биде дел од фудбалскиот крем во Шпанија.
22-годишниот фудбалер во Леванте се преселува од тимот на Ујпешт, а претходно ги бранеше боите на Брондби (Данска) и Преспа Бирлик (Шведска).
OhridNews