Со денешниот натпревар против Словачка од  21:00 часот, македонската репрезентација ги започнува натпреварите во групна фаза на Европското првенство во Counter-Strike: Global Offensive.

Покрај Македонија и Словачка, во групата А се уште репрезентациите на Данска, Русија, Велика Британија и Латвија.

ENTiTY како репрезентативци на Македонија во кој играат тројца охриѓани, шест години имаат големи успеси на меѓународна сцена и претставуваат единствени сериозни претставници од земјава во видео игрите.

Инаку, пред три седмици повеќе од 22 000 гледачи ширум светот имаа можност да го следат натпреварот помеѓу „лутите“ ривали Македонија и Грција, кој нашите момци го добија со 2:1. Со тоа, тие поставија нов рекорд на гледаност во квалификациите за Европското првенство во Counter-Strike: Global Offensive.

OhridNews