Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTiTY, ќе учествува на традиционалниот турнир GameGune во Билбао, Шпанија. Турнирот ќе трае од 26-ти до 28-ми јули 2012 година, а вкупниот награден фонд, за првите 4 места, изнесува 22500€. 
-Турнирот ќе брои 24 екипи од цел свет и да се биде дел од нив е огромен успех за нашиот тим. Исто така ова ќе биде за прв пат една македонска екипа да настапи на турнирот кој се одржува скоро една деценија секое лето на истото место, во рамките на Euskal Encounter саемот а местото на настанот е Bilbao Exhibition Center. Голем број на врвни екипи го имаат потврдено учеството и конкуренцијата е многу голема, велат од ENTiTY .
Во 2012 година ENTiTY е неприкосновен на Балканот.
-На три турнири надвор од Македонија, два во Србија и еден во Косово, остваривме три победи и тоа без да загубиме ниту еден натпревар. Целта во Шпанија е да  ја претставиме Македонија во најдобро светло, за што веќе работиме на тактиките и тимската игра, изјави капитенот на екипата Јован Каланоски.
Учеството на турнирот на ENTiTY го помогна Општина Охрид.
OhridNews