Најдобриот македонски Counter-Strike тим, ENTiTY, е повторно Балкански шампион. Во конкуренција од 33 други екипи од дури седум држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Унгарија) ENTiTY успеа да го освои турнирот без загуби ниту еден натпревар.

Турнирот носеше име Gamestation Gigatron според интернет клубот во кој се одигра турнирот, а се наоѓа во Белград (Србија) во многу убавиот трговски центар Delta City. За освоеното прво место ENTiTY понесе дома 900 евра и 5 куќишта за компјутер од реноминираната компанија за компјутерски делови CoolerMaster.

Патот до финале беше следниот: победени беа прво екипи од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во групата која броеше 4 екипи. Потоа беа поразени уште една екипа од Србија, па романските претставници, потоа најдобрата екипа од Србија за во финале ENTiTY да ги одмери силите со најдобрата бугарска екипа, финале кое претставуваше реприза на финалето на претходниот Балкански шампионат во Грција. Овој пат наместо со 2-1, бугарите беа поразени со чиста 2-0 победа.

ENTiTY испраќа огромна благодарност до сите поддржувачи за пружената помош без која екипата немаше да учествува на овој турнир.

OhridNews