Претставата „Генерал на мртвата војска“ од Исмаил Кадаре а во режија на Дино Мустафиќ на кој заеднички работеа театрите од Тирана и Приштина нема да се изведе на фестивалот Охридско лето. Поради техничко -матерјални причини оваа пртетстава нема да се изведе, објасни директорот на Албанскиот театар Адем Карага.
– За жал таа соработка финансиски не можеше да се издржи така што своето премиерно издание претставата ќе го има на 4-ти септември 2009 година, посочи Карага.
Во терминот предвиден за оваа претстава, Албанскиот театар од Скопје, на 6-ти август во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Албански ноќи“ во режија и драматизација на Ентон Каца – млад режисер кој долго време работел во Италија.











