2 – животни се натпреваруваат да го наследат октоподот Пол, кој со светска слава се стекна со прогнозирањето на резултати на Светското првенство во 2012 година. Украина има „Психо Прасе“, додека Полска го има слонот Чита. Сепак конкуренцијата може и да се прошири, според некои и други животни, какви што се Фред и Фалет од Украина поседуваат „слични таленти“.
3 – пати Германија ја освојувала титулата, а вкупно шест пати Германците играле во финалните натпревари. Тие на Еуро 2012 се најуспешен тим, но за да го потврдат тоа и официјално ќе мора да го совладаат бранителот на титулата.
8 – е бројката на стадиони на кои ќе се играта натпревари на Еуро 2012, по четири стадиони имаат двете држави – Полска: Варшава, Вроцлав, Гдањск и Познан и Украина: киев, Харков, Доњецк и Лвов. Варшава е домаќин на првиот меч на 8. јуни, а Киев ќе биде домаќин на последниот меч на 1. јули.
9 – пати Мишел Платини ги тресел противничките мрежи на Европските првенства. Со ова остварување првиот човек на УЕФА е најефикасниот играч на континенталните првенства.
16 – репрезентации (нации) ќе се натпреваруваат на Еуро 2012, во квалификациите за пласман на првенството учествуваа 53 репрезентации.
31 – процент од испитаниците во една неодамнешна анкета рекле дека не веруваат, дека ЕП ќе донесе некои подобрувања на имиџот на Украина.
50 – тоалети се направени во кампот каде ќе бидат сместени шведските навивачи кои ќе допатуваат да ја бодрат својата репрезентација. Кампот се наоѓа на еден остров на реката Дњепар во близина на Киев. Во кампот се очекуваат 10.000 шведски фанови.
65 – место на ранкинг листата на ФИФА го зазема Полска, со што е најслабо позиционирана репрезентација од сите учеснички на ЕП. Вториот домаќин Украина, според ФИФА се наоѓа на 50-то место.
70 – години минаа од моментот кога е одржан легендарниот „Меч на смртта“, во кој играа тимовите на „Старт“ (екипа составена од поранешни играчи на Динамо Киев) и нацистичките војници. Според приказната, иако добиле инструкции да загубат украинските играчи победиле со 5:3. Некои од победниците подоцна биле уапсени и убиени од страна на тајната полиција (Гестапо). Германскиот суд во 2005 година пресудил дека апсењата и убивањата немале врска со споменатиот натпревар.
241 – ден, на денот на отворањето на првенството, поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, ќе биде во затвор, која е осудена за злоупотреба на службената положба. Тимошенко се наоѓа во затворот во Харков, каде на 9. јуни ќе се одигра првиот натпревар на украинска почва на Еуро 2012.
300 – активистки на „Фемена“ најавуваат протести во Полска и Украина, тие ветија дека ќе тргнат во акцијата која ја нарекоа агит-стриптиз, со цел да ги попречат активностите на ЕП, за кое се верува дека ќе ја поттикне проституцијата.
800 – долари е цената која ќе ја платат оние кои ќе сакаат да преноќат во апартман во центарот на Киев.
1.400 – електронски преведувачи ќе им помагаат на украинските полицајци во комуникацијата со големиот број на туристи.
1960 – е одиграно првото Европско првенство. Идејата за континентално фудбалско првенство потекнува од Французинот, Анри Делонеј. Тој не дочекал да види дека неговата идеја е реализирана бидејќи починал во 19955 година. Шампионскиот трофеј го носи неговото име.
52.000 – лица во Украина даваат сексуални услуги, според проценките на ХИВ/АИДС Алијансата.
68.000 – седишта е капацитетот на Олимпискиот стадион во Киев, кој е отворен во далечната 1923 година, а целосно е реновиран минатата година.
1.000.000 – туристи се очекува да ја посетата Украина за време на Еуро 2012.
150.000.000 – гледачи се очекува да ја следат церемонијата на свеченото отворање на шампионатот. Предвидено е церемонија на отворањето да трае 20 минути, а потоа ќе започне првиот меч на првенството помеѓу Полска и Грција.
13,4 милијарди – долари, според Ројтерс потрошила Украина за подготовките за ЕП, од нив 6,6 милијарди се државни пари.
Ohridnews