Репрезентацијата на Австрија ја совлада Малта со 61-53 и се пласираше во финалето на Европскиот шампионат за мали земји што се игра во Охрид.

Избраничките на Мајк Крес потфрлија само во првиот период кој го добија “малтежанките“ со 22-15. Потоа “црвените“ ја превзедоа контролата на мечот и успеаа да го завртат резултатот во своја корист и да закажат финале со Македонија.

Овие две репрзентации играа меѓусебе во Б групата. Тогаш Македонија во извонредно интересен натпревар славеше со 41-39.

Финалниот меч се игра во 19 часот во спортската сала “Билјанини Извори“.

М.П.