Светскиот ракометен првак Шпанија потешко од очекувањата стигна до победа против Австрија 28-27 во вториот натпревар од втората рунда во главната фаза од ЕП во Данска.

Австрија, која е последнопласирана во групата му пружи силен отпор на Шпанија, која во минатата рунда претрпе пораз од домаќинот Данска.

Со победата над Австрија „фуријата“ стигна до шестиот бод додека „црвено белите“ се без бодови се наоѓаат на последната позиција.

Мх.П.