Селекцијата на Италија во последната рунда од групата В ќе се сретне со “отпишаната“ Република Ирска. Нападот на Италија на мечот со Република Ирска ќе биде ослабен откако на тренинг Балотели го повреди коленото и крајно неизвесен е неговиот настап на мечот со “детелините“.


За влез во нокаут фазата “азурите“ мораат да триумфираат на мечот со Ирска и да чекаат позитивни вести од мечот Шпанија – Хрватска.

Мх.П.