Еден од фаворитите за искачување на тронот на Европското првенство, селекцијата на Белгија со триумф ги отвори мечевите на континенталниот собир, победувајќи ја Русија со 3-0 (2-0), во Санкт Петерсбург.

„Црвените ѓаволи“ на дело покажаа зошто се вбројуваат во потесните кандидати за титулата на ЕП, „преслушувајќи“ ја Русија во секој поглед од фудбалската игра.

Голем дел од дилемите, белгијците, решија по само 45 минути игра кога обезбедија два погодоци предност. Стрелци на головите беа Ромелу Лакаку и Томас Муниер. Победата ја завери Лукаку, во финишот од натпреварот со вториот гол во мрежата на русите. Токму, Лукаку го имаше најголемиот гест меч, упатувајќи му јавна порака за поддршка на Кристијан Ериксен, кој вчера колабираше на терен и само поради брзата лекарска интервенција остана помеѓу живите.

Белгија и Финска со по три бодови ја делат првата позиција на табелата во Б групата, додека Русија и Данска се без бодови на третата односно четвртата позиција.

OhridNews