Бронзената репрезентацијата од последното Светско првенство, Белгија забележа несекојдневна победа во европските квалификации совладувајќи го Сан Марино со 9-0 (6-0) на стадионот во Брисел.

„Црвените ѓаволи“, шест од деветте голови постигнаа  во првиот дел и наговестија катастрофа на Сан Марино. Лукаку постигна два погодоци, по еднаш прецизни беа Чадли, Алдерверлд и Талисман а Броли сам си ја затресе мрежата. Во второто полувреме за Белгија стрелаа Бентеке, Вершарен и Кастиње.

Резултати:

Група Ц: Белорусија – Естонија 0-0, Холандија – Северна Ирска 3-1

Група Е: Хрватска – Норвешка 3-0, Словачка – Велс 1-1

Група Г: Австрија – Израел 3-1, Македонија – Словенија 2-1, Латвија – Полска 0-3

Група И: Казакстан – Кипар 1-2, Белгија – Сан Марино 9-0, Русија – Шкотска 4-0

OhridNews