Селекцијата на Белгија го приреди првото поголемо изненадување на 16-то Европско првенство во кошарка совладувајќи ја Литванија со 76-74.
До изненадувачкиот триумф белгијците стигнаа со голема помош од судиите кои признаа нерегуларни поени кои ги постигна Лоџески.
Во правилноста на одлуката не помогна ниту видео снимката која трите судиите ја погледнаа неколку пати.
Литванските новинари споделија слика на социјалните мрежи на која се гледа дека Лоџески со топката игра по завршувањето на натпреварот.
Европскиот вицепрвак најави жалба до ФИБА, која има краток временски рок да ја донесе конечната одлука.
Ohridnews













