Вечерва на Европското првенство во Полска и Украина ќе ги добиеме првите четвртфиналисти. Со натпреварите од Групата А започнува третото коло.


Домаќинот на ЕП, Полска е незавидна ситуација пред мечот со Чешка. На полјаците им одговара само победа и на стадионот во Вроцлав, селекцијата на Чешка ја очекува вистински пекол.


Секој натпревар е важен но овој е најважен во мојата кариера. Мораме да останаме мирни, притисокот постои но не е толку голем како на отварањето на ЕП – истака селекторот на Полска, Шмуда.


Чешката репрезентација е на сериозен испит за нејзините способности на вечерашниот дуел со Полска. Нешто повеќе од 45 000 грла ќе викаат и навиваат за селекцијата на Полска.


Уживаме во Полска, навивачите добро не примија но сега сме или ние или тие. Блажуковски и Левандовски се најпосни фудбалери и малце им треба да постигнат гол. Ја респектираме селекцијата на Полска но не им се плашиме – потенцираше Билек, предводникот на чешката репрезентација.

Мечот помеѓу Полска и Чешка како и Русија и Грција се игра во исто време 20:45 часот.

Мх.П.