Селекцијата на Франција го освои бронзениот медал на Евробаскетот откако во малото финале ја совлада Србија со 81-68.


„Триколорите“ во текот на мечот за третата утешна позиција беа подобар противник од србите кои се уште се немаа опоравено од литванскиот шок во полуфиналето.

Французите ја продолжија жетвата на медали од Европските првенства во кошарка. На минатото во Словенија го освоија златнио медал, а овој пат мораа да се задоволат со бронзен пред своите гледачи.

Големото финале се игра во 19 часот, а во него ќе се сретнат селекциите на Шпанија и Литванија.


Мх.П.