Црногорката Катерина Булатовиќ со 53 погодоци е најефикасната ракометарка на 10-то Европско првенство.

Второто место на листата на стрелци го делат ракометарките Анита Горбич и Милена Кнежевиќ кои постигнаа 41 гол.

Тројката ја комплетира ракометарката од “златниот“ состав на Црна Гора, Радичевиќ со 40 погодоци.

Најефикасна ракометарка во македонската репрезентација беше Јулија Николиќ со 14 погодоци во три мечеви.

Мх.П.