Првопласираната од Групата А, Чешка и второпласираната од “групата на смрта“ Португалија ја отвараат нокуат фазата од 14-то Европско првенство кое се одржува во Полска и Украина.

Двете селекции во групите прокнижија идентичен број на бодови по шест, а претрпеа еден пораз и тоа на стартот на мечевите од групите. Репрезентацијата на Чешка предводена од селекторо Билек ја има најслабата одбрана од сите 1/4 финалисти додека Португалија во групната фаза постигна пет погодоци.

Знаме дека Португалија располага со опасни фудбалери, тука се Роналдо, Постига и Нани. Играта наша ќе ја поставиме дефанзивно и можноста ќе ја чекаме преку контри. Не смееме да се отвориме бидејќи имаме лоши спомени од мечот против Русија. Тогаш оставивме премногу простор за русите и не масакрираа а замислете што ќе ни направат Нани и Роналдо ако ја повториме истата грешка – потенцираше чешкиот стратег Билек.

На големи натпреварувања Чешка и Португалија одиграле два пати. “Црвено белите“ на ЕП во 1996 во Англија ја елиминираа Португалија во 1/4 финалето со маестралниот гол на Поборски. “Селесао“ им се реваншираше на чесите на ЕП 2008 година победувајќи 3-1. Головите за Португалија ги постигнаа Роналдо, Деко и Кварежма.

Победникот од денешниот дуел ќе игра со поуспешниот од мечот Шпанија – Франција

Мх.П.