Четирите домаќини на престојното Европско првенство во кошарка Хрватска, Германија, Грузија и Франција ќе го рушат проклетството старо 23 години кое ги прати селекциите организатори на Евробаскетот.


Последна репрезентација која на трофејот пред своите гледачи се радувала била Германија во далечната 1993 година.

Од тогаш наваму организирањето на турнирот значело збогување со првото место, нешто што четирите селекции сакаат да го променат.

Најголеми шанси за тоа има Франција која и е бранител на титулата од пред две години на Евробаскетот во Словенија.

Исти такви големи амбиции имаат Хрватска и Германија, но пред себе имаат противници кои до сега покажувале дека можат да им ги замрсат сметките на домаќините.

Ohridnews