Домаќинот и актуелниот првак Данска, бронзената Хрватска, Светскиот првак Шпанија и Франција се селекциите кои ќе се борат пласман во финалето на 12-то Европско првенство.

Честа да ја отворат полуфиналната вечер им припадна на Шпанија и Франција кои во 18:00 часот ќе го одиграа првиот полуфинален натпревар.

Шпанија е освојувач на светското злато, но „триколорите“ на големо најавуваат нова власт во европскиот и светскиот ракомет.

Европското злато им недостасува на хрватите во витрините во кои ги имаат Светското и Олимпиското со Лино Червар на клупата.

Но, за пласман во финалето покрај домаќинот Данска која е стопроцетна во досегашниот дел од ЕП ќе треба да ја совладаат и публиката која ќе биде ветар во грб на данските ракометари.

Мх.П.