Репрезентацијата на Македонија пред почетокот на Евробаскетот посакуваше пласман во втората фаза, а желбата може да стане реалност по денешниот натпревар (18ч) со Грузија кој мора да се добие.
Со триумф во четвртата рунда од групната фаза на Европското првенство „црвено жолтите“ ќе го осигураат последното место во групата кое води во нокаут натпреварите.
– Нивните порази во групата не треба да не залажуваат туку да ни дадат дополнителен мотив за победа. За триумф со кој ќе си ја оствариме зацртаната цел треба да одиграме добра кошарка во текот на сите 40 минути. – рече селекторот Марјан Србиновски.
Македонија на Евробаскетот има една победа и два порази додека противникот има три порази во исто толку одиграни натпревари.
Кафе барот Шила организира заедничко гледање на натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација и ги изненадува со разни награди посетителите.
Ohridnews












