По поразите во воведните мечеви само победа ги остава селекциите на Македонија и Чешка во игра за пласман во главната рунда. Ако поразот од Данска за “црвено-жолтите“ беше планиран, секако дека ни на крај на памет не им беше на чесите дека ќе добија таква ракометна лекција од “скијачката“ Австрија.

– По поразот од Данска, фокусирани сме на мечот против Чешка. Тоа е меч за живот или смрт – вели Ивица Обрван селекторот на Македонија.

Беше прогласен за најдобар во македонскиот состав но неговите одбрани не беа доволни да се извлече поволен резултат. За чуварот на Македонија, Борко Ристовски планот е едноставен. -Мора да се подбриме на двете страни од паркетот. Поготово играта во одбраната, со што би добиле поголема шанса за триумф. -вели Ристовски.

Посебно мотивиран за мечот со Чешка е Миркуловски кој на својот ФБ профил се заблагодари на подршката и најави уште една беспоштедна борба. – Неверојатен е духот на нашата “фаланга“, кој и покрај нашата слаба партија ни пружи подршката. Луѓето веруваат во нас, а ни едноставно мора да им возвратиме на довербата – напиша Миркуловски.

Капитенот Лазаров потенцираше дека на отварањето со Данска имавме повеќе слаби, отколку добри моменти, по добрата анализа на противникот очекува грешките да се остраната и да стигнеме до посакуваната победа.

Ohridnews