Актуелниот првак и домаќин на Европското првенство, Данска на премиерниот натпревар против Македонија ќе настапи без Андерс Егер и Расмус Лауге.

Крилото Егер и Лауге ја загубија трката сео времето и поради недоволно залечените повреди ќе го пропуштат стартот од шампионатот.

Мечот меѓу Данска и Македонија е в недела со почеток во 20:30 часот што воедно ќе биде и официјално отварање на континенталниот собир.

Мх.П.