Актуелниот првак и домаќин на Европското првенство, Данска го осигура првото место во групата А каде се наоѓа и Македонија

Во втората рунда данците ја совладаа селекцијата на Австрија со 33-29 и со четири бодови сега се осамени на првата позиција на табелата.

Носени од публиката во преполната сала избраниците на селекторот Вилбек од самиот старт наметнаа темпо кое беше недостижно за нивните ривали.

Во остатокот од мечот по комотната разлика селекторот им даде шанса на сите ракометари кои рутински го спроведоа мечот во мирен финиш.

Во третата рунда лидерот во А групата Данска игра со Чешка додека Македонија ќе се сретне со Австрија.

Мх.П.