Во вториот натпревар од групата Б каде се наоѓа и Македонија, Шведска ја совлада Данска со минимални 27-26.

Селекцијата на Данска во текот на целиот меч имаше предност, која на моменти изнесуваше и со пет погодоци но сето тоа успеа да го прокоцка во финишот на натпреварот.

На (23-18) место да го докрајчат противникот “црвените“ се опуштија, а Шведска полека го намалуваше водството.

Швеѓанките во последните напади беа поприсебни и акциите ги завршуваа со погодоци, наспроти репрезентација на Данска која влегуваше од грешка во грешка што резултарише со конечна победа за “жолтите“ со 27-26.

По победите Франција и Шведска имаат по два бодови. Македонија и Данска се без бодови по првите натпревари. Во второто коло од групата Б, Данска игра со Франција додека Македонија првите бодови ќе ги брка со селекцијата на Шведска.

Мх.П.